Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вест Бромвич Албион го претстави Бранислав Ивановиќ како нов фудбалер на тимот.
Српскиот фудбалер во тимот на Славен Билиќ пристигнува како слободен фудбалер откако неговиот договор со тимот на Зенит истече.
Ивановиќ со повратникот во Премиер лигата потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.
„Премиер лигата е најдобра лига во светот. Си поставив предизвик пред мене и подготвен сум да го прифатам истиот. Навистина сум среќен што ќе играм во Премиер лигата“ –изјави Ивановиќ.