Вчера беше забележана најголемата неправда во историјата на ракометот! 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Данска стана втора репрезентација во историјата, која ја одбранила титулата на светски шампион во ракомет, откако ја победи Шведска со 26-24.

По финалето можеби најголема неправда му беше нанесена на Никлас Ландин. Одличниот голман беше неверојатен и во финалето, а го заврши мечот со 15 одбрани, но тоа не му беше доволно да се најде во идеалниот состав на турнирот.

Иако наградата за најдобар ракометар му припадна на Микел Хансен, сепак на Ландин му е нанесена неправда.

За најдобар голман на турнирот беше избран Андреа Паличка, кој во финалето имаше само шест одбрани.