Вчера понижување, денеска несреќа: Украинците се радуваат на несреќата на „предавникот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинците го отпишаа Анатолиј Тимошчук од историјата и го сметаат за најголем предавник на својот народ, откако почна инвазијата на Русија, а тој одби да си замине од Санкт Петербург.

Фудбалскиот сојуз на Украина реши да му ги одземе сите признанија и да го избрише од историјата, а ново понижување стигна во вторник кога во неговиот роден град му беше одземана титулата на почесен граѓанин.

Денеска од Русија пристигна вест за сообраќајна несреќа која ја доживеал Тимошчук кога тргнал на тренингот на Зенит.

Многу украински медиуми се радуваат на несреќата на Тимошчук и нагласија дека „кармата овој пат си го направила своето“.

Тимошчук во кариерата играше за многу познати тимови, како Шахтер, Зенит, Баерн и Каирта.