Вчера заврши една долга традиција во Серија А: По цели шест години Франк Ачерби беше изваден од ирга


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Лацио на најдобар можен начун, со убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Сампдорија ја започна новата сезона во Серија А.

Освен головите, она што беше впечатливо од овој натпревар е и измената на 31 годишниот стопер на Лацио, Франческо Ачерби. Имено, Ачерби на вчерашниот натпревар беше изваден од игра во 70. минута, а тоа не му се случило цели шест години во италијанското првенство.

Последен пат кога Ачерби беше заменет беше на  3 март 2013 година на натпреварот помеѓу Киево и Фиорентина. Од тогаш, па навака фудбалерот ги одигра сите минути кога беше присутен на теренот.

Интересен е фактот што во јануари оваа година, на средбата против Наполи, Ачерби имаше прилика да го одигра својот 150. натпревар во низа без да биде заменет. Сепак, тогаш тој доби црвен картон и не успеа да стигне до неверојатната серија.