Вдовицата на Коби Брајант бара еден куп пари за отштета!

Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, го тужи округот Лос Анџелес за отштета од 75 милиони долари бидејќи била нарушена приватноста и биле објавени фотографии од телата на поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс и нивната ќерка Џиана.

Претходно пристигна понуда до Ванеса од неколку милиони евра, но таа експресно ја одби понудата и сега по речиси недела ипол судење беше објавена конечната сума која ја бара вдовицата.

„Дами и господа, не можете да дадете многу пари за тоа низ што поминале. Тоа што се случи е навистина нехумано“, кажа партнерот во судењето на семејството Брајант.