Веќе е познато името на новиот клуб на Салах?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Следниот чекор во кариерата на Мо Салах станува сè појасен откако претходно беше објавено дека на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Ливерпул.

Црвените бараат замена за Сала и многу веројатно ќе мора да платат многу пари за да донесат играч кој ќе може да го замени него.

Иако има 33 години, Салах сè уште е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.

Тој претходно потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти Енфилд и ќе ја продолжи својата кариера во некој друг клуб.

Со оглед на неговиот фантастичен учинок на Енфилд, јасно е дека Ливерпул многу тешко ќе најде вистинска замена за него.

Сепак, многумина се интересираат каде ќе ја продолжи својата кариера овој одличен Египќанец.

Како што стојат работите, се работи за Саудиска Арабија од каде Салах наводно има огромна понуда за продолжување на кариерата.

Преговорите наводно се во завршна фаза, а веќе е познато и името на новиот клуб на Мо Салах.