Веќе нема страв во Сампдорија, играчите кои беа позитивни на коронавирусот експресно опоравени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред седум денови од Сампдорија потврдија дека четворица играчина тимот се заразени со коронавирусот.

Тоа го покажаа тестирањата кои мораше да ги поминат сите клубови, па се постави прашање дали може сезоната во Серија А да продолжи.

Играчите беа ставени во задолжителен карантин, а сега седум дена подоцна им беше направено повторно тестирање.

Од Сампдроија потврдија дека сите играчи кои беа позитивни на коронавирусот се опоравиле и тестовите покажале дека тие се негативни.