Веќе се бара наследник за Покетино, поранешен играч на Тотенхем прв кандидат за тренерското столче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Маурисио Покетино можеби ја извршува последната сезона како тренер на Тотенхем.

За Аргентинецот има сериозен интерес од Реал Мадрид кој сака да го донесе во своите редови следната сезона, а неговата иднина ќе зависи и од резултатите кои ги има Тотенхем оваа сезона.

Почетокот не е баш ветувачки, но Покетино има време да ги поправи работите во клубот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Јирген Клинсман сам се наметнал како можен предводник на Тотенхем за следната сезона. Клинсман е без работа од неговото заминување од селекцијата на САД пред нешто помалку  од три години.