Векиќ: За малку ќе ги пропуштев ЛОИ во Париз, среброто е за цела Хрватска


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Хрватската тенисерка Дона Векиќ имаше одличен настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз и го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од Кинвен Женг од Кина.

Векиќ играше одлично и донесе медал за својата татковина, по што за медиумите призна дека за малку ќе ги пропуштела игрите во Париз.

„Бев болна пред игрите во Париз. Докторите ме советуваа да не патувам во Париз. Тренерите беа убедени дека тешко можеме да оствариме добар резултат, но успеавме и покрај тоа. За мене ова е неверојатно искуство, а медалот е за цела Хрватска“, кажа Векиќ.