Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заврши големата наградна игра „За поголема еко свест, погоди најголема квота“ која ја организираa Mozzart Bet обложувалниците, во период од 18 февруари до 27 април. Без разлика на тоа што наградната игра се одвиваше неполн месец заради привременото затворање на сите уплатно-исплатни места согласно мерките на превенција и заштита од ширење на коронавирусот, од Mozzart одлучија да ја реализираат играта според планираното.
Сопственикот на тикетот со најголема квота е награден со фантастичниот автомобил Passat GTE Hybrid. Апсолутниот победник Јордан Ѓошевски доаѓа од Велес, а добитниот тикет е со погодени 8 натпревари и со неверојатна вкупна квота 66964,61. Покрај автомобилот, уплатата од 20 денари му донесе и фантастична добивка од 1.540.186,00 денари.
Од Mozzart изјавија дека никогаш не се откажуваат од своите играчи и од она што започнеле да го прават, па затоа и чувствуваат должност да бидат фер кон своите верни клиенти и оваа наградна игра да ја реализираат според планираното.
„И покрај тоа што бевме спречени да ја реализираме наградната игра во целото времетраење, остануваме на тоа да ги доделиме наградите на играчите кои направија неверојатни квоти и се искачија на првите три места на ранг листата. Оваа наградна игра, која веќе прерасна во традиција е секогаш барана и со нетрпение очекувана од нашите играчи, па токму затоа можеме со задоволство да најавиме да очекуваат и во иднина вакви кампањи кои ќе им дадат дополнителен мотив и ќе ја наградуваат нивната храброст за одигрување на вакви неверојатни тикети.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.
Пресреќниот добитник Јордан Ѓошевски вели дека без разлика што бил на прво место на ранг листата, заради настанатата вонредна ситуација, немал голема надеж дека ќе стане сопственик на фантастичниот хибриден автомобил. Но, среќата била на негова страна.
„Неизмерно бев среќен кога ме известија дека сум добитник на главната награда од наградната игра на Mozzart. Искрено, заради целата ситуација со коронавирусот, затворањето на обложувалниците и со тоа – автоматскиот прекин на наградната игра, не бев сигурен што ќе се случи на крајот, дури и се откажав од помислата дека ќе го завршат натпреварувањето според планираното. Но, уште еднаш се докажа дека Mozzart е сериозна компанија, која се залага за своите играчи, и во овие тешки времиња без разлика што веќе месец и половина се затворени, одлучија да ја завршат наградната игра и да ги доделат наградите.“ – низ насмевка изјави сопственикот на новиот Passat Hybrid.
На прашањето како го одиграл тикетот, Јордан одговори дека тикетот му е напишан без многу размислување.
„Не можев да поверувам кога видов дека тикетот е добитен. Интересно е што го пишав на брзина и без многу размислување, а повеќеto од натпреварите беа „на тепка“ одбрани. Најчесто немам конкретен тип на игра, а обично на тикет типувам од 7 до 10 парови. Квота никогаш не бркам, но секогаш гледам уплатите да ми бидат со голем коефициент. Порано ги пратев натпреварите и пишував повеќе смислени тикети, а сега најчесто го пишувам тоа што ќе ми дојде во моментот и нормално, да биде со што поголема квота.“ – вели среќниот велешанец.
Покрај главната награда Volkswagen Passat Elegance GTE – Hybrid, награди добија и второто и третото место на ранг листата на тикети со најголеми квоти. На второто место е тикет од уплатно место Неготино-1 со квота од 6460,0, а среќниот добитник ќе вози електричен мопед Capri Elettrico. Третото место доби електричен велосипед Viper 29” E-bike, а добитниот тикет е уплатен во Тетово-2, со квота од 3190.82.
Инаку, за играта да биде уште поинтересна, од Mozzart направија комбинација од двете најбарани Mozzart наградни игри. Па така, покрај можноста да погодат најголема квота, играчите можеа да одиграат и тикет со еден промашен пар. Секоја недела, тикетот со најголема квота и еден промашен пар добиваше еден електричен тротинет Xiaomi MI 365.