Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем скандал го затресе босанскиот фудбал, откако босанските медиуми објавија дека Сараево морало да игра против Широки Бријег кој во тој момент имал 12 позитивни фудбалери на ковид-19.
Фудбалскиот сојуз на Босна и херцеговина не ја прифатил опцијата да се одложи натпреварот, па поради тоа Широки бријег морал да заигра со шест фудбалери кои имале симптоми на коронавирус.
„Освен 12 фудбалери кои претходно имаа симптоми и се ставени во изолација денес се потврди дека уште шест играчи кои настапија против Сарајево и еден член на стручниот штаб се позитивни на коронавирус. Ние се плашевме од вакво сценарио и баравме одложување, бидејќи го загрозуваме и нашиот противник. Здравјето треба да биде пред се“, соопштија од Широки Бријег.