Велкоски: Треба ли некој да ја загуби главата за да се освестиме?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сараево вчера беше поразен кај Широко бријег со 2-3 во осминафиналето во босанскиот Куп, но мечот го одбележаа неколку инциденти на трибините и теренот, а мечот беше прекинат 20 минути.

По натпреварот македонскиот репрезентативец и капитен на Сараево, Крсте Велкоски вели дека домаќините победиле со помош на судијата.

„Турбулентен меч, не заслуживме пораз. Домаќинот имаше голема помош од судијата и тоа е многу лошо. Мислам дека еднаш мора да се стави крај на ова. Секој меч овде се игра на ризик, а не е донесена никаква одлука. Вакви ситуации мора да се казнуваат. Треба ли некој да ја загуби главата за да се освестиме? Никој ништо не презема и тоа е срамно. Момците одиграа добар меч, создаваа шанси, но за жал загубивме.“