Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сараево сезонава нема да ја слави шампионската титула, а на екипата на македонскиот фудбалер Крсте Велкоски му остана уште мечот во босанскиот Куп.
Вчера на тренингот на првиот тим се случи инцидент во кој група навивачи на тренинг-кампот ги нападна фудбалерите.
На денешната прес-конференција се јавија фудбалерите, а за медиумите зборуваше македонскиот репрезентативец.
„Се случи упад на тренингот, разговаравме со група навивачи и го решивме проблемот. Немаше нешто премногу или нешто страшно“, вели Велкоски за да ја смири ситуацијата.
Новинарите ги интересираше што се очекува утре во Купот.
„Ние сме задолжени само за теренот, секако дека атмосферата не е најдобра по загубената титула, но ќе одиграме најдобро што знаеме и ќе го освоиме Купот“, вели македонскиот играч.