Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англија лесно излезе на крај против Велс и го совлада со 3-0, додека САД во директен дуел за место во осминафинале го реши Иран со 1-0.
Ѕвездите на „Гордиот Албион“ ги постигнаа сите три гола во второто полувреме, и тоа два преку Маркус Рашфорд од кои еден беше ремек-дело од слободен удар, додека еден погодок постигна Фил Фоден.
САД постигна гол уште во 38. минута преку Кристијан Пулишиќ и го задржа водството до самиот крај, иако Иран се трудеше да стигне до бод, меѓутоа не успеа во намерата.