Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо минатата недела го провоцираше Арсен Венгер, а Французинот му одговори на интересен начин.
Поранешниот тренер на Арсенал му одговори на актуелниот стратег на Тотенхем, откако тој го провоцираше.
Мурињо на прес-конференцијата минатата недела кажа дека неговото име ниту еднаш не се споменува во автобиографијата на Венгер.
Тој тогаш имаше коментар во свој стил, а сега Венгер имаше што да му каже на тоа.
„Не ме интересира. Тоа е постојано провоцирање. Се чувстгвувам како да сум во градинка со него. Но, тоа е дел од неговата личност. Го победивме двапати. Имаше и многу нерешени резултати“, кажа Венгер за медиумите.