Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер внимателно ги следи настапите на неговиот поранешен клуб и коментираше некои одлуки на тренерот Микел Артета.
Венгер му замери на Артета поради неговата ротација со голманите затоа што смета дека тоа нема да даде добар резултати.
„Не верувам во ротацијата со голмани. Мора да постои хиерархија меѓу чуварите на мрежата. Тоа не може да функционира поинаку“, кажа Венгер.
Давид Раја добиваше повеќе шанса оваа сезона поради лошите настапи на Арон Рамсдејл.
„Ми се допаѓа стилот на Рамсдејл. Да сум на негово место, не би се откажал, има шанса да се врати во првиот тим“, кажа Венгер.