„Венгер не ме спомна во книгата зашто нема победа против мене!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја искористи можноста да го испровоцира поранешниот стратег на Арсенал, Арсен Венгер.

Португалскиот тренер доби прашање зошто неговиот колега не го споменал во автобиографијата која е актуелна деновиве.

„Затоа што никогаш не ме победи. Сигуно нема да пишуваш за некој кого во 12 или 14 меча не си го победил ниту еднаш. Што има да каже за мене? Ја разбирам целосно неговата ситуација“, кажа Мурињо.

Мурињо зборуваше и за Герет Бејл при што порача дека фудбалерот напорно работи за да се врати на теренот.

„Се разбира дека Герет сака да игра. Нема да ви кажам дали ќе игра на следниот меч. Тоа што можам да ви кажам е дека работи напорно и е во добра состојба. Ќе игра или во недела или во четврток“, додаде Португалецот.