Венгер: Не разбирам зошто не ја прегледаа ситуацијата, ВАР го изневери судијата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиската фудбалска репрезентација се пласираше во финале на Европското првенство (ЕП) откако на „Вембли“ ја совлада Данска по продолженија со 2-1.

Англија славеше со контроверзен пенал во судиското продолжение, кога Хари Кејн најпрво промаши, па потоа одбиената топка ја испрати во мрежата на Каспер Шмајхел.

Досудениот пенал предизвика голем број коментари, а поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер во разговор со „БиИн Спорт“ кажа дека не требало да биде досуден пенал.

„Нема пенал. Не разбирам зошто во оваа ситуација судијата не ја погледна ВАР-снимката. Во вакви моменти мора да се биде сигурен во својата одлука. ВАР го изневери судијата“, кажа Венгер.

Човекот кој изнуди пенал, Рахим Стерлинг тврди дека судијата оправдано покажал на белата точка, иако не се добива таков впечаток кога ќе се погледне повторената снимка.