Венгер откри за кој фудаблер најмногу жали што претходно го продал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот француски тренер Арсен Венгер најголемиот дел од својата тренерска кариера го мина на клупата на Арсенал.

Венгер во Лондон стигна во 1996 година и го тренираше Арсенал до 2018 година, а притоа имаше неколку блескави сезони и со своите идеи го препороди тимот.

Јасно им е на сите каква трага остави Венгер во Арсенал, а посебно беше одличен во пронаоѓање на млади фудбалери ширум Европа, кои подоцна имаа добри кариери.

Венгер даде интервју за медиумите во кое раскажа за својот престој во Арсенал, а посебно зборуваше за некои фантастични фудбалери кои ги имал во тимот, па откри по кого најмногу жали.

Се очекуваше Венгер да ги издвои Анри, Фабрегас, Ван Перси или некојо друг, но Французинот кажа дека жали по Никлас Анелка, кој во 1999 година го продаде во Реал Мадрид за 35 милиони евра.