Венгер потврди: Добив неколку понуди, наскоро се враќам на теренот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тренер Арсен Венгер е без ангажман откако го напушти Арсенал. Тој минатото лето по 22 години ги напушти „топчиите“, но сега кога е во пензија и не изгледа најсреќен.

Дека ќе се врати на тренерската работа потврди и самиот Венгер, кој кажа дека не му недостигаат понуди во моментов.

„Откако го напуштив Арсенал, добив неколку примамливи понуди, кои ги разгледувам во моментов“, вели Венгер.

Дотогаш Венгер ќе биде и понатаму поврзан со фудбалот, но во поинаква улога, бидејќи ФИФА му ја даде функцијата на технички директор.

Да потсетиме, Венгер во Арсенал освои 17 трофеи, од кои беа три во Премиерлигата, а во тренерската кариера ги тренираше и Монако и Нанси.