Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човекот кој повеќе од две децении беше во Арсенал и остави голема трага, Арсен Венгер за медиумите кажа дека е подготвен да се врати ако му е потребен на тимот.
Венгер си го сака поранешниот клуб во кој помина неверојатни 22 години од својот живот.
„Ако имаат потреба, ќе им помогнам“, порача Венгер.
Французинот го предводеше тимот од 1 октомври 1996 година до мај 2018 година, а на кормилото беше на вкупно 1.235 меча, од кои 707 ги доби, 280 завршија нерешено и 248 загуби.
Венгер освои три титули во Премиерлигата, седум трофеи во ФА-купот и седум во Комјунити Шилд.