Венус Вилијамс: Не смееме да го изгубиме Ѓоковиќ


Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс сака Новак Ѓоковиќ да го освои 25-от гренд слем и неговата кариера да продолжи уште.

Постарата сестра Вилијамс на Ролан Гарос дебитираше како ТВ коментатор за TNT sports, каде што зборуваше за српскиот тенисер.

„Го изгубивме Роџер Федерер, го изгубивме Рафаел Надал, не смееме уште да го изгубиме Новак Ѓоковиќ. Мораме да го задржиме уште малку. Затоа би сакала да освои 25. грен-слем. Кај тенисерките би сакала тука да победи Коко Гоф, а кај мажите сум голем навивач на Ѓоковиќ. Ни е потребен во спортот уште неколку години”, рече Вилијамс.

Фото: Принтскрин