Верати откри: Размислував сериозно да го напуштам Париз и да потпишам за Барселона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Верати од 2012 година го носи дресот на ПСЖ, откако потпиша за францускиот клуб за 12 милиони евра и стигна од Пескара.

Италијанецот од тогаш одигра 288 меча за клубот од Париз и притоа постигна осум гола, а неколку пати во текот на претходните години се шпекулираше за негово евентуално заминување.

Верати сега откри дека размислувал да ја прифати понудата на Барселона со која се поврзуваше во 2016 година.

„Барселона ми предложи нешто друго и беше нормално да размислам некое време“, откри Верати.

Верати имал проблеми со животот во Париз, а најмногу за тоа придонеле француските медиуми.

„Фудбалерот не го живее животот различно од другите. Можам да излезам кога сакам. Ако имам слободен ден, тогаш излегувам, но имаше период кога ја напуштав куќата и медиумите пишуваа дека секој ден излегувам“, откри Верати.