Вердаско исфрлен од Ролан Гарос, паднаа тешки обвинувања од Шпанецот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако од квалификациите беа исфрлени неколку српски тенисери, и тоа откако не беа позитивни на ковид-19, нешто слично му се случи и на Фернандо Вердаско, кој требаше да настапи на гренслем-турнирот Ролан Гарос.

Причината за тоа е неговиот позитивен тест на корона, меѓутоа Шпанецот верува дека организаторите не постапиле како што треба.

„Нема да може да се натпреварувам на Ролан Гарос годинава. Многу ми е жал поради тоа и лут сум. Сакам да покажам разочарување, фрустрации и гнев кон организаторите, кои ми го одземаа правото да се натпреварувам на важен турнир. Тие не ми дозволија да правам нов тест бидејќи сметам дека резултатот од првиот е погрешен“, кажа Вердаско.