Вернер пак се посрамоти: Германецот повеќе промашувања отколку голови! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер е мета на исмејување на социјалните мрежи поради уште едно огромно промашување во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Челси во Мадрид одигра реми со Реал, а германскиот репрезентативец е главен виновник што „сините“ не се вратија дома со триумф.

Во 10. минута од натпреварот Вернер пропушти голема шанса да им донесе водство на гостите, откако доби една одлична топка од Кристијан Пулишиќ, а Германецот испрати лош шут, кој го одбрани Тибо Куртоа.