Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
За време на трките во Формула 1, судиите можат да изрекуваат разни казни на возачите кои ги прекршуваат правилата. Toa вклучува временски казни, финансиски казни, и предупредувања, но судиите можат да доделуваат и казнени поени кои се додаваат на суперлиценцата на возачот.
Системот на казнени поени е воведен за да се следи однесувањето на возачите во текот на сезоната.
Кога возачите добиваат казнени поени, тие се евидентираат на нивната суперлиценца, а ако возачот добие 12 или повеќе поени во период од 12 месеци, автоматски добива забрана настап на едно гран при.
Последниот возач кој добил забрана на трка беше поранешниот возач на Хас, Кевин Магнусен, кој собра 12 казнени поени пред Големата награда на Азербејџан.
Макс Верстапен во моментов е лидер по бројот на казнени поени, со вкупно осум од Големата награда на Австрија 2024 година. Тој доби дополнителни казни во Мексико, Бразил, Катар и Абу Даби.
Фото: Принтскрин