Вертонген нема да им честита на Италијанците: Ме изнервираа на теренот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Белгија, Јан Вертонген е разочаран по елиминацијата во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), откако загубија во Минхен со 1-2 од Италија.

На Вертонген овој пораз тешко му падна и кажа дека е разочаран затоа што не се пласирале во полуфинале.

„Тажен сум. Овој пораз ме боли и пропуштивме шанса да ја земеме титулата, како и на претходните турнири“, вели Вертонген.

Вертонген не сакаше да им честита на Италијанците за триумфот во овој натпревар.

„Не сакам да им честитам. Ме изнервираа на крајот на мечот со нивното однесување и крадењето на време. Сепак, не сакам да имам било какви изговори“, вели Вертонген.