Верувале или не: Има фудбалер кој е прескап и за моќниот ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот ПСЖ во изминативе години се покажа како навистина моќен на трансфер пазарот без да штеди пари за носење засилување.

Иако во претходниот период парижаните покажаа голем интерес за ангажман на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, тоа нема да се случи.

Причината за тоа што сенегалскиот фудбалер нема да се пресели во Париз е интересна. Имено, неговата цена од над 100 милиони евра колку што бара Наполи е прескапа и за моќниот ПСЖ.

Кулибали се поврзува со трансфер во Премиер лигата од каде интерес има од Ливерпул , Манчестер Јунајтед и Њукасл.