Веселин Вујовиќ за Хрватите: “Нехумано и срамно”


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Хрватска во полуфиналето на Европското првенство против Германија се соочува со серија организациски проблеми кои предизвикаа остри реакции од селекторот Дагур Сигурдсон и ракометната јавност.

Веселин Вујовиќ пружи силна поддршка на хрватскиот селектор, оценувајќи го однесувањето на ЕХФ како нехумано и срамно.

Вујовиќ истакна дека играњето натпревари ден за ден во т.н. „хрватска група“ е неприфатливо и дека таквиот распоред ги фаворизира другите репрезентации:

“Нехумано е во ‘хрватската’ група репрезентациите да играат натпревари еден по друг ден. Не знам како воопшто се согласиле на тоа”, рече Вујовиќ за Индекс.