Вест Хем доведе нов играч, Билиќ прави одличен напад


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После доведувањето неколку играчи во тимот, Билиќ доведува и засилување од Бока Јуниор, Џонатан Кајлери.

Овој фудбалер минатата сезона имаше сјајни партии во дресот на Сао Пауло каде што беше испратен на позајмица, а беше и најдобриот стрелец во Копа Либертадорес.

Беше и со Аргентина на ОИ во Рио, но Аргентинците веќе не се дел од игрите бидејќи отпаднаа во фазата по групи. На тоа Билиќ се радува, бидејќи аргентинецот ќе може побрзо да се придружи на тимот.

Во сезоната 2014/15 тој постигна 23 голови во дресот на Бока, тогаш го сврте и вниманието кон себе, немаше сериозни понуди од големите тимови па ете сега преминува во Вест Хем.

Во Вест Хем доаѓа на позајмица до крајот на сезоната.

„Постигнавме договор и го чекаме што побрзо да ни се придружи. Тој е одличен напаѓач“ – изјави Билиќ