Вестбрук прави шокантен трансфер во Евролигата?!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Хапоел Тел Авив наводно се подготвува да испрати понуда на Расел Вестбрук и да го направи најплатениот играч во Евролигата некогаш. За сопственикот на клубот парите не се проблем, ги нуди и на Мициќ, но би го платил поранешниот МВП и повеќе од пет милиони по сезона.

Буџетот на Хапоел за минатата година беше дуплиран за да освојат Еврокупот, 20 милиони евра, сега би можел да биде 40, со што би се натпреварувале на пример со Реал.

Вестбрук моментално е на операција на рака што никому не ја најави, се зборува дека ќе си оди од Денвер, тренерот Аделман сака шутери и побавна игра, наводно популарниот “Броди” никако не му се вклопува, а и не донесе многу, ќе се согласите, на Нагетс минатата сезона.

Заработува нешто повеќе од три милиони по сезона, секако би добил барем двојно повеќе пари во Евролигата, прашање е само мотивот.

Фото: Принтскрин