Видал е јунак на Чиле – постигна два гола против Перу ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа се играа неколку натпревари во квалификациите за Светското првенство, а во еден од нив Чиле го совлада Перу со 2-0. Јунак на домаќините беше Артуро Видал кој постигна два гола и така им донесе три важни бодови на своите сонародници.

Видал уште еднаш покажа дека е важен фудбалер за неговата репрезентација, а по добро сигурно нема да го памети Перу.

Чиле е шести со четири бодови, додека Перу е осми и по три меча има само еден бод.

Бразил, од друга страна, беше апсолутен фаворит против Венецуела и многумина очекуваа убедлива победа, но Бразилците победија само со 1-0.

Бразил е прв на табелата со максимални девет бодови, додека Венецуела нема освоено ниту еден бод.