Видал во шок по бруталниот прекршок – испрати порака до сонародниците!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чилеанскиот репрезенативец Артуро Видал заработи црвен картон по само 14 минути игра во мечот против Еквадор (0-2).

Видал имаше брутален старт врз противничкиот фудбалер и така му направи проблеми на својот тим кој до крајот на мечот не издржа и беше поразен.

Искусниот фудбалер е свесен за големата глупост, па преку Твитер испрати порака до неговите сонародници.

„Уште не можам да верувам. Се извинувам на соиграчите, струшниот штаб, семејството и целата земја. Ќе продолжиме да се бориме до крајот“, напиша ВИдал на популарната социјална мрежа.

Чиле следниот меч го игра на 27 јануари против Аргентина, која синоќа со реми против Бразил избори пласман на Мундијалот.