Видал жестоко удри по Барселона: Со 13 професионалци не се освојуваат титули!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал, кој е на излезна врата од Барселона, ја критикуваше целосната ситуација во Барселона.

Видал смета дека многу работи не функционираат во каталонскиот клуб и дека се потребни големи промени доколку сакаат титули.

„Во клубот проблемот не е само во фудбалерите, јасно е дека работите не одат на повисоките нивоа. Клубот мора да се подобри во секој поглед. Не е лесно да се сменат некои работи. Барселона мора да го смени начинот на размислување, мора да разбере дека фудбалот еволуираше и треба да се прилагоди на тоа. Барселона мисли дека со нивната ДНК ќе бидат победници, но тоа е грешно. Тие не можат само со 13 професионалци да играат на врвно ниво. Потребни се 23 фудбалери, кои ќе се борат за екипата“, кажа Видал.