(Видео) Џошуа по несреќата во потешка состојба отколку што се мислеше, познат е идентитетот на двајцата загинати пријатели


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Два пати светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа беше патник во црн Лексус кој доживеа страшна несреќа со паркиран камион на автопатот Лагос–Ибадан, во местото Макун во Нигерија.

Во несреќата загинаа двајца негови долгогодишни пријатели и блиски соработници, Сина Гами и Кевин Латиф Ајоделе. Останатите двајца патници од возилото поминаа без повреди. Локалната полиција соопшти дека Џошуа добил „полесни повреди“ и дека се наоѓа во стабилна состојба.

Сепак, и покрај официјалните информации, извори блиски до боксерот тврдат дека постои сериозна загриженост дека повредите се потешки отколку што се претставува јавно. Според наводите од неговото најтесно окружување, не се исклучува можноста од повреди на ребрата и коленото, што би можело да има долгорочни последици и да влијае на неговата професионална кариера.

Снимките од местото на несреќата, кои се појавија на социјалните мрежи, го прикажуваат Џошуа како, очигледно во болка и со грима на лицето, се извлекува од целосно уништеното возило и се преместува во полициско возило, а потоа во специјализирана медицинска установа.