(Видео) Четирите голови на Барселона паднаа во сенка поради еден момент на „Камп Ноу“


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона вчера по повеќе од две години повторно играше на својот Камп Ноу и со 4:0 го победи Атлетик Билбао. Сепак, сцената што се случи во десеттата минута е главна тема на социјалните мрежи.

Иако Камп Ноу сè уште е во фаза на реновирање, Барселона доби дозвола да ги игра своите натпревари на овој терен, што навивачите го дочекаа со воодушевување и вчера во голем број дојдоа за да го поддржат својот клуб.

Наравно, капацитетот сè уште не е полн поради работите што се вршат, но вчерашниот натпревар го следеа скоро 50.000 луѓе, што е навистина импресивно.

Барселона не можела на подобар начин да се врати дома бидејќи во натпреварот од 13. коло на Ла Лига го декласираше Атлетик со 4:0 и дојде до нови три бода.

Два гола во вчерашната победа беа дело на Феран Торес, а на листата на стрелци се запишаа и Роберт Левандовски и Фермин Лопез.

Сепак, главна тема на социјалните мрежи е тоа што се случи во воведниот дел на вчерашниот натпревар.

Имено, во десеттата минута трибините почнаа да ехoираат со “Меси, Меси”, а камерите веднаш го покажаа Жоан Лапорта, за кого тоа беше јасна порака колку навивачите сакаат повторно да го видат аргентинецот во дресот на Барселона.

.