Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Вчера на „Сент Џејмс Парк“ се одигра дербито од 12-то коло на Премиерлигата помеѓу Њукасл и Манчестер Сити, кое заврши со победа од 2:1 за домашниот тим. Сепак, главна тема во јавноста беше Пеп Гвардиола кој целосно ги изгуби нервите кога судијата ја означи крајот на натпреварот.
На „Сент Џејмс Парк“ следевме одличен дуел помеѓу Њукасл и Манчестер Сити, каде што на крајот домашниот тим победи со 2:1.
Херојот на Њукасл беше Харви Барнес кој ги постигна двата гола, додека единствениот стрелец за гостите од „Етихад“ беше Рубен Диас.
Драмата продолжи и по завршувањето на натпреварот, а во центарот на вниманието беше Пеп Гвардиола кој не можеше да се помири со одредени судиски одлуки.
Гвардиола веднаш по завршувањето на натпреварот се упати кон судијата за да му пренесе дека не е согласен со некои од неговите одлуки и дека верува дека Манчестер Сити бил оштетен во синоќешното дерби.
Сепак, шпанскиот тренер не застана тука и дури вербално конфронтираше некои играчи на Њукасл.
Прво го направи тоа со Џоелинтон кого домашните едвај го смирија, но Гвардиола не застана тука.
Joelinton до Пеп Гвардиола, “биди скромен ехх, биди скромен.” pic.twitter.com/SLgCk2CXGu
— GLÖK (@GLOKS14j) 22 ноември, 2025
















