Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На ракометното дерби меѓу македонските гиганти Вардар и Пелистер во финалето на Купот (26-25) се случи инцидент кога еден полицаец без причина го удри ракометарот Филип Талески со пендрек по глава.
МВР поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.
„Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка“, соопшти МВР.
After the match Filip Taleski was hit with a baton by a police officer! pic.twitter.com/UF7ZBrKuSu
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 13, 2023