Видиќ откри кои му биле најтешки ривали!

Немања Видиќ ги откри играчите против кои му беше најтешко да игра.

Стана легенда на Театарот на соништата, влезе во историјата на Премиер лигата и многумина веруваат дека е еден од најдобрите стопери во историјата на англискиот фудбал.

На островот често се потсетуваат на болното дерби на Немања Видиќ од сезоната 2008/09, кога експлоадираше Фернандо Торес во победата на Ливерпул од 4:1.

Видиќ тогаш направи голема грешка, се лизна, а Торес го совлада Ван Дер Сар. Сепак, Видиќ тврди дека Торес не му беше најтежок ривал.

„Луѓето често се потсетуваат од натпреварот и велат дека немав решение за Торес. Сепак, тоа е само еден издвоен случај кога во последните моменти се предосмислив и наместо да ја избијам топката, се одлучив само да ја вратам до Ван Дер Сар. Торес го пресече пасот и постигна погодок“, призна Видиќ и додаде:

„Но, многу потежок за чување беше Дидие Дрогба. Торес создаваше шанси, но Дрогба создаваше проблем во текот на сите 90 минути. Физички беше посилен од сите, но Луис Суарез и Кун Агуеро се најдобри играчи против кој сум играл“, рече Видиќ.

Интересно, Видиќ не го издвои Лионел Меси иако најдобриот фудбалер на светот во два наврати го надигра Немања и другарите во финалината на ЛШ во 2009 и 2011 година.