Виери не верува што се случува со него: Се дебелеам од ден на ден …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната италијанска фудбалска sвезда Кристијан Виери (46) се здебели во карантин.

Виери често имал проблеми со килограмите на крајот од кариерата. Сепак, тој беше во можност да го врати својот нормален изглед, но во карантин се здебели во текот на изминатиот месец.

За само 30 дена тој успеа да покачи 11 килограми и сега жали.

“Овој период воопшто не е лесен. Јас сум дома веќе еден месец и се обидувам да го поминам најдобро времето со семејството. Сепак, се здебелив и имам 106 килограми. Јас се здебелувам секој ден”, рече Виери и продолжи:

„Ако можам да се вратам на 95 килограми, тоа би било феноменално, но ќе треба да вежбам многу повеќе. Јас сум прилично мрзлив во моментов“, рече Виери.

Легендарниот напаѓач играше за најголемите италијански клубови (Јувентус, Милан, Интер, Лацио) во текот на својата кариера, а имаше успешна епизода во Атлетико Мадрид.