Виландер не се сомнева во Србинот: Ѓоковиќ ќе освои 26 гренслем-титули!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ разочара со настапот на УС-опен, но поранешниот тенисер Матс Виландер не е премногу загрижен.

Виландер смета дека е нормален падот во игра на моменти, но смета дека Ѓоковиќ и во иднина ќе освојува гренслем-титули.

„Мора да прекинеме да се изненадуваме кога ќе загуби, туку треба да бидеме изненадени кога ќе освои титула на 37 години. Засега не гледам дека годините му претставуваат проблем. Не можам да верувам дека игра во ваков ритам, мислам дека ќе освои уште два гренслем-турнири и ќе заврши со 26 пехари“, кажа Виландер.