Виландер откри кој ќе го освои Ролан Гарос и во колку сета!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прославениот шведски тенисер Матс Виландер верува дека српскиот ас Новак Ѓоковиќ ќе слави во големото финале на Ролан Гарос.

Поранешниот освојувач на гренслем-титула смета дека Ѓоковиќ ќе мора да има добар почеток ако сака да го победи Надал.

„Пред почетокот на турнирот кажав дека Ѓоковиќ е благ фаворит. Надал од друга страна одигра неколку одлични натпревари. Малкумина можат да го критикуваат мојот став. И покрај тоа мислам дека шансите во финалето се 51-49 во корист на Ноле. Мојата прогноза е 3-2 во сетови за Ѓоковиќ. Мислев дека во финале Рафа ќе биде тој што ќе мора да почне добро, но по полуфиналето мислам дека тоа му е потребно на Ѓоковиќ“, вели Виландер.

Финалето на Ролан Гарос почнува од 15 часот.