Вилдоза оди на операција и ќе паузира до крај на февруари!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза се повреди на последниот меч за Панатинаикос и поради тоа мора да оди на операција.

Кошаркарот има повреда на менискусот и ќе мора да прави операција во текот на утрешниот ден, по што следи пауза од околу 45 дена, односно до крајот на февруари.

Како датум кој се споменува за негово враќање е мечот против Реал Мадрид на крајот на месецот, а тоа значи дека Аргентинецот нема да игра на завршницата од Купот на Грција која е закажана од 15 до 18 февруари.