Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Нико Вилијамс минатото лето беше пред потпис за Барселона, но се предомисли во последен момент и одлучи да не го напушти Атлетик Билбао. Шпанските медиуми пишуваат дека се покаја за тоа и се обиде да го исправи, но кога го контактирал Деко сфати „колку е часот“.
Барселона минатото лето немаше многу пари за доведување засилувања поради финансискиот фер-плеј, и беше јасно дека каталонскиот клуб може да доведе само едно ѕвездено име.
Првата желба на спортскиот директор Деко беше Нико Вилијамс бидејќи имаше намера на крилните позиции да бидат тој и Ламине Јамал исто како и во репрезентацијата на Шпанија која минатото лето ја донесоа титулата европски шампион.
Иако преговорите на Барселона и Вилијамс одеа во вистински правец и се очекуваше дека овој млад фудбалер ќе потпише за Каталонците на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. Тој со клубот од Сан Мамес потпиша нов договор и го задолжи дресот со број десет. Сметаше дека уште не е време да го напушти Атлетик Билбао, но веднаш по тоа се покаја.
Шпанските медиуми пишуваат дека Вилијамс жали што летото го увериле дека останокот во Билбао е најдобрата опција и се кае што ја одбил Барселона кога забележа каква сезона имал каталонскиот тим.
Исто така, се наведува дека Вилијамс сака да ја исправи таа грешка и наводно го контактирал Деко пред неколку дена кога слушнал дека Барселона сака да доведе крилен напаѓач и дал до знаење дека би сакал да биде нивниот избор.
Но, Деко не заборави што му приреди Вилијамс на Барселона минатото лето и како ги одби кога веќе сè беше договорено, па му се заблагодари на играчот на Атлетик за повикот и му порача дека „возот поминал“ и дека нема ништо од неговото доаѓање во Барселона.
Фото: Принтскрин