Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Нико Вилијамс сфати каква грешка направи минатата година кога ја одби трансферот во Барселона. Колку е решен ова лето да ја потпише за Каталонците најдобро покажува тоа што им го рече на играчите на Блауґрана по завршувањето на обврските во репрезентацијата на Шпанија.
Барселона пред една година вложи огромен напор да го доведе Вилијамс од Атлетик Билбао, но тој одлучи да се предомисли во последен момент и го продолжи договорот со клубот од Сан Мамес.
Тоа беше жесток удар за Каталонците бидејќи со Вилијамс веќе беше сѐ договорено, но на крајот тие се свртеа кон други решенија и одлучија за 60 милиони евра да го доведат Дани Олмо.
Сепак, на Вилијамс не му требаше долго да се покае што ја одби Барселона и како наведуваат шпанските медиуми, овој 22-годишник се обидува на сите начини да го привлече вниманието на Каталонците.
Мундо Депортиво објави дека Вилијамс прво го контактирал Дека и му дал до знаење дека сака во Барселона и дека му е жал за тоа што ја одби трансферот пред година дена.
Не е тајна дека Барселона бара засилувања на крилните позиции и Вилијамс би бил сигурно одлично решение, но Каталонците покрај него на листата со желби имаат уште Луис Диаз и Маркус Рашфорд.
По натпреварот во Минхен играчите на Шпанија тргнаа на заслужен одмор, а пред разделбата Вилијамс наводно најмногу разговарал со играчите што играат за Барселона и за нив имаше јасна порака.
„Браќа, ве молам поведете и мене со вас,” наводно им рече Вилијамс на играчите на Барселона.
Фото: Принтскрин