Вилијамсон беше фантастичен, но крал во НБА сепак е Џејмс (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 114:122 со извонредна партија на Леброн Џејмс.

Во изедначен натпревар, двата тима имаа по две четвртини во кои доминираа, а победникот се реши во последниот дел кога гостите го свртеа натпреварот во своја корист.

Зион Вилијамсон уште еднаш покажа дека ќе биде одличен играч во иднина, завршувајќи го натпреварот со 35 поени, што беше и негов најдобар учинок во кариерата. Тој додаде седум скока, но исто така имаше и шест загубени топки.

Од друга страна, Џејмс уште еднаш покажа дека оправдано е “крал”. Со 34 поени, 13 асистенции и 12 скокови, стигна до нов трипл-дабл.

Трипл-дабл го запиша и Никола Јокиќ во триумфот на Денвер Нагетс над Торонто Рапторс 133:118. Српскиот кошаркар имаше учинок од 23 поени, 18 скокови и 11 асистенции. За Рапторс со 32 поени најефикасен беше Ануноби.

Вашингтон Визардс оствари победа над Голден Стејт Вориорс 110:124 со 34 поени на Бредли Бил и Сакраменто Кингс над Детроит Пистонс 133:118.