Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Вилијна истакна дека сака да го продолжи шестгодишниот престој во Челси и да потпише нов договор со клубот.
Бразиелцот влезе во последната година од неговиот договор на „Стемфорд Бриџ“, но доколку се прашува тој веднаш би го продолжил истиот и би останал уште долго во Лондон.
„Од моја страна сакам да останам. Имам една година што ми остана од договорот и сакам да останам затоа што сакам да играм за Челси. Го сакам овој клуб, сакам да живеам во Лондон и моето семејство сака да живее овде. Овде сум шест години и се е перфектно за мене“ –истакна Вилијан.