Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Вилијан ја одби новата понуда за продолжување на договорот со Челси и веројатно ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.
Како што наведуваат медиумите од Англија Челси доставил понуда, но Бразилецот ја одбил и сега може да бира каде ќе продолжи затоа што интересот за него е голем.
„Не мислам дека донел конечна одлука. Имаме многу понуди, една од МЛС, но таа бараше одлука до 1 јули. Сакаше да ја заврши сезоната со Челси и потоа да одлучи. Вилијан има две конкретни понуди од Премиер лигата, една од МЛС и уште две од Европа. Ќе донесе одлука по последниот натпревар во сезоната“ –изјави неговиот агент Киа Јорабчијан.