Вилијан се огласи откако медиумите го „избркаа“ од Челси: Мојот агент преговара…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот бразилски фудбалер Вилијан многу пати се наоѓаше во медиумите во Англија како играч кој би можел да си замине од редовите на Челси.

Сепак, крилниот фудбалер сега се огласи во јавноста и истакна дека неговиот агент преговара со Челси за нов договор, за кој како што изјави самиот играч, се надева дека брзо ќе се реализира.

„Неколку пати кажав дека имам желба да останам во Челси. Го сакам клубот многу и се чувствувам добредојден овде. Сега сме на сред сезона и се обидувам да не мислам на мојата иднина за да не го изгубам фокусот на теренот. Мојот агент и клубот преговараат и се надевам дека наскоро ќе слушнеме позитивни вести“ –изјави Вилијан.