Вилијан со интересен коментар: Сакам да играм во Челси до 40 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот крилен фудбалер од редовите на Челси, Вилијан истакна дека е многу среќен во клубот и посочи дека тој нема намера да си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Фудбалерот кој веќе влегува во поискусните води бешеинтересен за Барселона, но од Челси лани ја одбија понудата за негово заминување.

Неговиот договор со клубот од Лондон истекува по крајот на годината и тој може да преговара со било кој клуб уште во јануари. Сепак според неговата изјава, тоа нема да се случи оваа зима.

„Сите знаат дека го сакам овој клуб и колку уживма да играм за Челси. Ако можам, ќе останам овде се додека не наполнам 40 години. Сакам да останам бидејќи сакам да играм. Но, тоа не е само моја одлука, мора заедно да одлучиме. Зборувавме. Се надевав  дека ќе можам да кажам дека ќе останам, но засега не можам да го кажам тоа“ –изјави Вилијан.